Венецуела не дозволи поранешните претседатели на Чиле и Колумбија да посетат затворен опозиционер

Каракас, 27 јануари 2015 (МИА) - Владата на Венецуела не им дозволи на поранешните претседатели на Чиле и на Колумбија да го посетат во затвор опозицискиот лидер Леополдо Лопез.

Себастијано Пинеро и Андреас Пастрана изјавија дека дошле во Каракас за да и дадат подршка на венецуелската опозиција.

Поранешните лидери на Чиле и на Колумбија побараа ослободување на Лопез, кој се наоѓа во затвор од почетокот на февруари минатата година.

Веецуелскиот претседател Николас Мадуро, меѓутоа, ги обвини двајцата јужноамерикански политичари дека „се приклучиле на заговорот за правење пуч“ за неговото сменување од функцијата.

Пинеро и Пастрана допатуваа во Венецуела за да учествуваат во форумот за демократија, што во Каракас го организира венецуелската опозиција.

Лопез е затворен во еден воен затвор во околината на Каракас. Тој беше уапсен за време на еден митинг на опозоцијата, по што избувнаа демонстрации кои се претворија во нереди. Во следните неколку месеци, до крајот на мај минатата година, во главнот град, како и во неколку други градови во внатрешноста, избувнаа улични нереди во кои беа убиени повеќе од 40 лица.

Владата го обвинува Лопез дека „потикнувал насилство“ за да се собори сегашната власт во земјата.

Во текот на изминатиот викенд прв пат по неколку месеци во Каракас одново избувнаа протести на кои демонстрантите удираа во празните лонци, симболично покажувајќи ја тешката криза во снабдувањето со најосновните потрошувачки производи во земјата.

Венецуела е богата со нафта, но популистичка политика што ја води претседателот Мадуро и социјалистичката економија што и ја наметна на земјата, предизвикаа криза во снабдувањето. Ситуацијата последните месеци е влошена и со падот на цената на нафтата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...