САД побараа укинување на вонредната состојба во Тајланд

Бангкок, 27 јануари 2015 (МИА) - Американскиот помошник државен секретар за источна Азија и Пацификот, Даниел Расел денеска во Бангок побара воената хунта да ја укине вонредната состојба во Тајланд, воведена по државниот удар од 22 мај минатата година.

Расел, кој е прв висок претставник на САД што го посети Тајланд по воениот удар, имаше состанок со тајландскиот министер за надворешни работи Танасак Патимапрагорн.

Расел одбил средба со сегашниот премиер на Тајланд, генералот Прајут Кан-ока, поради начинот на кој водачот на воениот преврат дошол на власт во Тајланд.

Високиот американски дипломат го пренесе ставот на Вашингтон, според кој, импичментот против последната премиерка Јинглук Шинаватра бил политички процес.

По минатогодишниот воен удар САД, како и поголем број европски држави и Австралија, ја замрзнаа политичката и воената соработка со Тајланд.

Сегашниот премиер, генералот Прајут, самиот потврди дека Расел одбил средба со него, но искоментира дека САД треба да не ги мешаат политичките со економските односи.

Средба, дури и формален поздрав со генералот Прајут Кан-ока одби и претседателот на САД, Барак Обама за време на два самити кон крајот на минатата година на кои и двајцата беа присутни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...