Прекинати обидите за извлекување на трупот на авионот на „Ер Азија“

Џакарта, 27 јануари 2015 (МИА) - Индонезиската армија денеска ја прекина операцијата за извлекување од морето на трупот на авионот на „Ер Азија“, што на 28 декември се урна во Јаванското Море со 162 патници и членови на екипаж на летот од Сурабаја до Сингапур. 

Тимот за извлекување на трупот од дното на океанот три дена се обидува да ја изврши операцијата со употреба на балон за подигнување, но без успех, јави Би-Би-Си. 

Индонезиските власти досега сметаа дека во трупот на авионот се наоѓаат уште тела на жртви, но сега објавија дека извлекувањето на авионот повеќе не е приоритет, бидејќи внатре најверојатно повеќе нема тела. 

Досега се пронајдени телата на само 70 од вкупно 162 жртви во авионската несреќа. Како причина за несреќата на авионот Ербас 320-200 се смета лошото невреме, а истражувачите ги анализираат податоците од црните кутии. 

Директорот на Националниот комитет за безбедност во сообраќајот Татанг Курнијади ја исклучи можноста за саботажа и изјави дека прелиминарниот извештај на несреќата треба да биде поднесен до Меѓународната организација за цивилна авијација идната недела, додека целосна анализа за леотот 8501 може да потрае до една година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...