САД обвинија тројца Руси за шпионажа

Њујорк, 27 јануари 2015 (МИА) - Федералниот суд во Њујорк покрена обвинение против тројца Руси поради шпионажа, соопштија денеска американските власти.

Тројцата обвинети се товарат дека разговарале во шифри, пренесувале пораки скриени во чанти и списанија и се обидувале да регрутираат луѓе од њујоршкиот универзитет, соопштија американскиот министер за правда Ерик Холдер, американскиот обвинител Прит Барара и претставници на ФБИ. 

Еден од обинетите Јевгениј Бурјаков бил вработен во филијала на руска банка на Менхетен, а другите двајца Игор Спорјушев и Виктор Подобњи биле дипломати од понизок ранг. 

Портпаролот на руската мисија во Обединетите нации, Алексеј Зајцев изјави дека дека руската страна засега нема никаков коментар. 

- Овој случај ја покажува нашата цврста определност да се бориме против обидите на тајните агнети незаконски да собираат разузнавачки податоци и да регрутираат шпиони во САД, нагласи Холдер во соопштение. 

Во обвинението се наведува дека руските власти барале од обвинетите да собираат чувствителни економски разузнавачки податоци за евентуалните американски санкции против руските банки и напорите на САД да развиваат алтернативни извори на енергија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...