Асад одбива разговори со опозицијата финансирана во странство

Дамаск, 27 јануари 2015 (МИА) - Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека не прифаќа да преговара со опозициските групи подржувани од Западот, кои тој ги нарече „марионети“.

Во интервју за списанието „Форин Аферс“, Асад доведува во прашање и каков било дијалог со луѓето кои се „платени од странство“. Тој смета дека сирискиот конфликт може да се реши само со политичко решение, но вели дека одбива да разговара со опозициските групи кои се создадени и делуваат во странство.

Асад тврди дека соработка со опозициската Национална коалиција, финансирана и подржувана со странски пари, одбиваат и опозициските групи кои дејствуваат на сириската територија.

- Ако некој тврди дека е опозиција тој мора да биде во земјата, делејќи ги интересите на Сирија и на Сиријците. Не може да се нарекуваат опозиција оние кои се обични марионети на тие што ги плаќаат, како Катар, Саудиска Арабија или Западот, вклучувајќи ги и САД. Опозицијата мора да биде сириска, вели сирискиот претседател.

Асад го осуди планот на САД да ги финансира „умерените бунтовници“ за борба против ИД. Според сирискиот претседател, таквата одлука е „илегална и илузорна“.

Тој вели дека донесувањето на пет илјади бунтовници од надвор ќе значи само толку нови борци за Исламската држава (ИД) и за сличните џихадистички групи.

Сирискиот претседател одново ја обвини Турција дека ги финансира и вооружува џихадистите, со што го објаснува и нивното успешно опстојување и покрај американските воздушни напади на нивните позиции.

- Дали САД извршија притисок врз Турција да не ги подржува џихадистите? Не го направија тоа, вели Башар ал Асад во интервју за „Форин Аферс“

Интервјуто со сирискиот претседател е направено на почетокот од четиридневната конференција за Сирија во Москва. На конференцијата одби да учествува опозициската Националната коалиција, но петмина нејзини припадници, сепак, заминаа во Москва за да учествуваат на конференцијата во „лично својство“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...