Осуммина загинати во напад на џихадистите врз хотелот „Коринтија“ во Триполи

Триполи, 27 јануари 2015 (МИА) - Најмалку осум лица, вклучувајќи и петмина странски државјани, се убиени во напад на џихадистите од Исламска држава врз луксузниот хотел „Коринтија“ во Триполи, сооопштија денеска либиски безбедносни претставници.

Меѓу загинатите се две жени, лице од безбедноста, како и двајца напаѓачи, за локалната телевизија изјави директорот на либиските специјални одбранбени сили, Махмуд Хамза, пренесоа британските медиуми.

Хамза не ја соопшти националноста на загинатите странци.

Борци на Исламска држава во Либија денеска ја презедоа одговорноста за нападот врз луксузниот хотел „Коринтија“ во Триполи.
Во пораката на Твитер, огранокот на Исламска држава во западна Либија соопшти дека нивните џихадисти упаднале во хотелот, познат по тоа што во него најмногу престојуваат странски дипломати и либиски официјални претставници.

Локалната полиција претходно денеска соопшти дека вооружени напаѓачи упаднале во луксузниот хотел во Триполи и зеле заложници, по што убиле најмалку тројца припадници на обезбедувањето на хотелот.

Менаџерот на хотелот, Хасан ал-Абеј, изјави дека петмина маскирани напаѓачи упаднале во хотелот, пукајќи во воздух. Ал-Абеј додаде дека хотелот бил евакуиран пред напаѓачите да се судрат со обезбедувањето   и дека тие на паркингот пред хотелот активирале автомобил-бомба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...