Падот на МХ370 и официјално прогласен за несреќа

Куала Лумпур, 29 јануари (МИА) - Малезија денеска донесе одлука со која исчезнувањето на авионот МХ370 и официјално  го прогласи за „несреќа“, а патниците и членовите на екипажот за погинати, што е чекор кон отворање на можноста за исплаќање отштета.

- Со тешко срце и со длабока тага, во име на Владата на Малезија официјално летот МХ370 на „Малезија ерлајнс“ го прогласуваме за несреќа, изјави шефот на цивилното воздухопловство Азхарудин Абдул Рахман во телевизиското обраќање, пренесоа француските медиуми.

„Сите 239 патници и членови на екипажот на летот МХ370, како што се претпоставува, го загубиле својот живот“, рече тој.

Официјалната одлука исчезнувањето на авионот, на 8 март минатата година, да се прогласи за несреќа ќе даде можност семејствата да тргнат понатаму и да добијат оштета од авиокомпанијата, рече Азхарудин.

Меѓутоа, семејствата и пријателите на патниците и членовите на екипажот од исчезнатиот авион имаат сомнежи во врска со тоа, наведуваат француските медиуми.

Партнерката на Филип Вуд, кој се наоѓал на летот МХ370, Сара Бајц смета дека „тие лажат“.

-Многу веројатно е авионот да се урнал. Но нема докази и се додека нема докази ние едноставно не им веруваме, рече таа, мислејќи на малезиската Влада и авиокомпанијата, наведоа француските медиуми.

Авионот исчезна на летот од Куала Лумпур до Пекинг и претставува една од најголемите воздухопловни мистерии.

Малезиските власти соопштија дека сателитските податоци укажуваат на тоа дека авионот неочекувано отстапил од маршрутата кон оддалечениот јужен дел од Индискиот Океан, што, како што се сомневаат, може да биде предизвикано од „намерна„“ акција во авионот.

Потрагата по исчезнатиот авион, како што наведуваат светските агенции, беше најскапата во историјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...