Убиени Американци во АвганистанКабул, 29 јануари 2015 (МИА) - Тројца Американци се убиени, а еден е ранет кога врз нив пукал авганистански војник на воениот аеродром во Кабул, изјави авганистански претставник.
- Нејасно е, засега, зошто војникот пукал по нив, рече авганистанскиот претставник, додавајќи дека ќе биде отворена истрага по повод убиствата и повредувањето на државјани на САД.
Меѓународните сили во Авганистан потврдиле оти имало пукотници вечерва на воениот аеродром во Кабул.
|