Белата куќа се воздржа да ги нарече авганистанските талибанци терористи

Вашингтон, 30 јануари 2015 - Белата куќа се воздржа да ги нарече авганистанските талибанци терористи, што предизвика шокираност кај републиканците, кои го обвинија претседателот Барак Обама дека го загубил чувството за реалноста. 

На прашањето за условите за ослободување на поранешниот заложник на талибанците, американскиот војник Бови Баргалд, портпаролот на Белата куќа Џош Ернест избегна да ги нарече талибанците терористи. 

- Тие имаат тактики, кои се доближуваат до оние на тероризмот, тие извршуваат терористички напади за да се обидат да ги реализираат своите идеи. Но, важно е да ги разликуваме талибанците од Ал Каеда, рече Ернест, додавајќи дека сепак талибанците се мошне опасна организација и оти Вашингтон со посредство на катарската Влада го договарал ослободувањето на американскиот војник.

Републиканците веднаш реагираа на оваа изјава.

- Талибанците пресекуваат грла, напаѓаат автобуси, поставуваат автомобили-бомби на пазарите, но тоа не се терористи, иронично изјави републиканецот Чарлс Краутхамер. 

Американското Министерство за финансии неодамна воведе санкции за околу две илјади борци и талибански претставници, како и за некои од лицата, кои ги финансираат и поддржуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...