Новиот саудиски крал ги смени синовите на неговиот петходник

Ријад, 30 јануари 2015 (МИА) - Новиот саудиски крал Салман најави голема реконструкција на Владата и ги смени од досегашните должности двајца синови на неговиот неодамна починат брат и претходник кралот Абдулах. 

Кралот Салман бин Абдул Азиз ал Сауд издаде кралски декрет со кој од должноста е разршен шефот на разузнавачката служба принцот Халид бин Бандар бин Абдул Азиз ал Сауд. 

Во посебен декрет стои дека принцот Бандар бин Султан, внук на Абдулах е сменет од местото генерален секретар на Националниот совет за безбедност и функцијата кралски советник. 

Исто така сменети се и двајца синови на претходниот монарх, принцот Мишал, гувернер на областа Мека и принцот Турки, кој управуваше со престолнината Ријад. 

Смените доаѓаат една недела откако Салман седна на престолот по смртта на кралот Абдулах (90).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...