НАТО:

2014 беше „црна година“

Брисел, 30 јануари 2015 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска дека 2014. била „црна година“ за европската безбедност и оти Северноатлантската Алијанса мора да се соочи со предизвиците кои Русија ги поставува на источните граници на нејзините членки, пренесе „Танјуг“.

- Минатата година воопшто не беше добра, всушност беше црна година, рече Столтенберг, претставувајќи го редовниот годишен извештај за активностите на Алијансата.

Тој ги повтори претходно искажаните обвиненија дека Русија ја дестабилизира Украина и го крши меѓународното право, но изјави дека НАТО нема намера  властите на самопрогласените републики во Украина да ги стави на списокот терористички организации.

- Тоа не е наш пристап, одговори Столтенберг на прашањето дали властите во Доњецк и Луганск ќе бидат третирани како терористи, како што побараа балтичките членки на НАТО.

Генералниот секретар скрена внимание и на тоа дека и покрај санкциите, Русија забрзано инвестира во војската, додека западно-европските земји ги намалуваат буџетите за одбрана.

Столтенберг се осврна и на се поголемата опасност од „Исламската држава“ и другите екстремистички организации кои се обидуваат да го пренесат џихадот на улиците на европските градови.

Генералниот секретар најави дека на маргините на претстојната Минхенска конференција за безбедност ќе има неформална средба со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...