Во Ирак убиен експерт на ИД за хемиско оружје

Вашингтон, 31 јануари 2015 (МИА) - Експерт на Исламската држава за хемиско оружје убиен е во воздушен напад на коалициските сили минатиот викенд, во близина на ирачкиот град Мосул, соопшти денеска Централната команда.

Во воздушниот напад изведен минатата сабота загина Абу Малик, чија обука обезбеди на терористичката група стручност во врска со хемиското оружје, се наведува во соопштението.

Малик работел во погонот за производство на хемиско оружје во време на режимот на убиениот ирачки лидер Садам Хусеин и подоцна, во 2005 година, се поврзал со Ал Каеда во Ирак, пред да се придружи на џихадистите на ИД, наведува американската Централна команда.

„Се очекува дека неговата смрт привремено ќе ја наруши терористичката мрежа и ќе ја намали способноста на ИД за потенцијално производство и користење на хемиско оружје против невини луѓе, се наведува во соопштението.

Засега нема знаци дека ИД поседува голем арсенал на хемиско оружје, но има индиции дека поседува гасен хлор, кој се користи за хемиски тероризам, иако не е така смртоносен како нервните отрови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...