Чиле ја укинува целосната забрана на абортусот

Сантјаго,1 февруари 2015 (МИА) - Претседателот на Чиле, Мишел Башеле, соопшти дека е изготвен план за укинување на сегашната целосна забрана за абортус во оваа јужноамериканска земја, каде најголемиот број од населението се католици.

На чилеанскиот Конгрес Башеле му го понуди на разгледување и усвојување новиот законски текст, според кој се дозволува абортус во случаи на силување или кога здравјето на мајката или на детето се доведени во опасност.

Според сегашните чилеански закони, абортусот е кривично дело за што е предвидена казна затвор,до пет години. Целосната забрана, предизвика здравјето и животите на илјадници Чилеанки да бидат ризикувани, најчесто со нестручно и тајно изведените абортуси.

-Досегашната целосна криминализација на абортусот не спречи тој и понатаму да се применува илегално и во тајност, изјави Башеле, образложувајќи го новиот законски текст.

Предлогот за радикална промена околу правото на жената на абортус, се очекува да предизвика силен отпор кај моќната и влијателна католичка црква во земјата, кај конзервативците, но и кај некои партии кои се дел од владеачката коалиција на Башеле.

Целосната забрана на абортусот е воведена во 1989 година и таа е една од последните одлуки на тогашната чилеанска воена власт, предводена од генералот Аугусто Пиноче.

Во земјите од Латинска Америка прашањето на абортусот се уште предизвикува спротивставени коментари во тамошната јавност. Целосна забрана сега постои во седум држави од Централна и Јужна Америка-Салвадор,Доминиканската Република, Хаити, Никарагва, Хондурас,Суринам и Чиле.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...