Мајка Тереза обвинета за „верска злоупотреба“ на својата мисија

Њу Делхи, 25 февруари 2015 (МИА) - Угледниот хиндуистички верски лидер Мохан Багват ја обвини Мајка Тереза за „злоупотреба на нејзината хуманитарна мисија“, тврдејќи дека таа затскриено работела за „преобратување“ на лугето во христијанската религија.

- Делувањето на Мајка Тереза може да се означи како добро, но има една забелешка, а тоа е преобратувањето на луѓето на кои им помагаше во христијани, изјави Мохан Багват, зборувајќи на една религиозна церемонија во Раџастан.

Не се познати мотивите за ваквиот неочекуван напад врз хуманитарната мисија на Мајка Тереза, која за својата 50-годишна работа во Калкута во 1979 година доби Нобелова награда за мир, но тоа предизвикаа бурна реакција во индиската политичка јавност и силни осуди на социјалните мрежи.

Во Индија Багват важи за моќен лидер на Организацијата на хиндуистичките националисти (РСС), која е близок сојузник на владеачаката Индиска народна партија (БЏП) на премиерот Нарендра Моди.

Изјавата на Багват доаѓа само неколку дена по ветувањето на индискиот премиер дека ќе ги заштитува религиозните слободи во земјата. Ова ветување на Моди требаше да биде одговор на Владата на зачестените напади врз христијанските цркви и верски објекти во реонот на Њу Делхи.

Опозицискиот Индиски национален конгрес остро реагираше на навредливите изјави на Багват. Претставник на партијата побара јавно извинување за Мајка Тереза од владеачката БЏП и најави дека Конгресот ќе побара дебата за ова прашање во индискиот Парламент.

Мајка Тереза работеше половина век помогајќи им на најсиромашните луѓе во реонот на Калкута и создаде хуманитарна мисионерска организација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...