Затворениците од Гвантанамо практично се претворени во билки

Монтевидео, 26 февруари 2015 (МИА) - Шестмина поранешни затвореници од Гвантанамо, кои се испратени во Уругвај во рамки на инцијативата на американскиот претседател Барак Обама за затворање на американскиот затвор на Куба, практично се претворени во растенија за време на нивниот притвор, изјави уругвајскиот претседател во заминување Хозе Мухика. 



Во интервју за Ројтерс, четири дена пред неговиот наследник Табаре Васкез да ја преземе должноста, Мухика истакна дека на шестмината затвореници им недостига волја да го го научат шпанскиот јазик и да се интегрираат, јави Танјуг.

Мухика, поранешен герилски лидер, кој и самиот бил во затвор за време на воената диктатура од 19783-1985 година Гвантанамо го нарече „срам за човештвото“.

- Потребно им е да закрепнат, но не знам дали ќе успеат, рече Мухика. 

Мухика е еден од најпопуларните лидери во Латинска Америка поради директниот стил на говор и сочувството кон најсиромашните слоеви на општеството.

Тој воведе радикални мерки во Уругвај, меѓу кои се и оние за примање на затвореници од Гвантанамо, но и легализирањето на одгледувањето, дистрибуцијата и продажбата на марихуана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...