Клапер: Проруските сили ќе чекаат до пролет за да го нападнат МариупољВашингтон, 27 февруари 2015 (МИА) - Проруските сили на исток во Украина најверојатно ќе почекаат до пролет да го нападнат пристаништето Мариупољ, оценува американскиот шеф на Националната разузнавачка агенција Џејмс Клапер.
Тој додава дека претседателот на Русија Владимир Путин има за цел да воспостави коридор до Крим кој Москва го припои пред една година.
- Не мислиме дека Путин сака да ја заземе цела Украина. Тој сака една целина од две области на исток во Украина во која би бил коридор до Крим и можеби едно пристаниште, поточно - Мариупољ, смета Клапер.
- Исто така не веруваме дека наскоро ќе се случи напад врз Мариупољ. Сметам дека ќе се почека до пролетта пред да нападнат, додаде Клапер.
|