Импичмент за 38 поранешни сенатори во Тајланд

Бангкок, 27 февруари 2015 (МИА) - Група од 38 поранешни сенатори во Тајланд се соочува со процес на импичмент, што значи дека ако бидат прогласени за виновни, не ќе можат активно да се занимаваат со полтика и ќе го загубат правото да се кандидираат на новите избори.

Сенаторите се обвинети за усвојување на амандмани на Уставот во 2012 година, со што, според сегашните воени власти, овозможиле незаконски привелегии за себе и за тогашната Влада.

Новото Националното законодавно собрание на Тајланд, составено од членови што ги именуваше воената хунта по државниот удар од мај минатата година, во процесот на импичмент ќе гласаат на 13 март. Ден пред тоа ќе се одржи и сослушување на обвинетите.

Обвинетите сенатори ќе се обидат да докажат дека процесот за нивниот импичмент е подготвен врз основа на определби на поранешниот тајландски Устав, кој воената хунта го прогласи за неважечки.

Прва жртва на процесите на импичмент во Тајланд беше последната премиерка Јинглук Шинаватра. Таа доби забрана за занимавање со политика во следните пет години, но се соочува и со судење за криминал, поврзан со контроверзното спроведување на владината политика за субвенционирање на производителите и трговците на ориз.

Според сегашните власти, државата поради погрешни одлуки на Шинаватра и нејзиниот кабинет, претрпела штета од над 20 милијарди долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...