Бокова: Бан Ки-мун ќе закаже итна средба за уништувањето на историски артефакти во Ирак

Париз, 27 февруари 2015 (МИА) - Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ќе свика итна средба со членовите на Советот за безбедност за ситуацијата во Ирак, соопшти генералниот директор на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) Ирина Бокова, јави ТАСС. 

- Денеска разговарав со Бан Ки-мун. Тој изрази длабока загриженост од последните настани во Ирак и од уништувањето на културни вредности од исламисти, додавајќи дека во брзо време ќе свика итна средба со членовите на СБ на ОН за проблемот, истакна Бокова. 

Ирак моментално се соочува со идеолошка културна чистка, вклучително на религиозен принцип. На удар се не само христијанската и јазидската, туку и други заедници. Се уништуваат и муслимански културни вредности, нагласи раководителката на УНЕСКО. 

Варварството влијае на луѓето, историјата, меморијата и културата. Целта на терористите е да се уништи се, што е својствено на човечката цивилизација, истакна францускиот претседател Франсоа Оланд пред новинарите за време на посетата на Филипините.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...