Нетанјаху ќе зборува во Когресот на САД, но нема да биде примен во Белата куќа

Вашингтон, 27 февруари 2015 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху идната недела ќе престојува во Вашингтон, за да одржи говор во Конгресот на САД за контроверзната иранска нуклеарна политика и за исламистичките милитантни групи, но нема да се сретне со претседателот Барак Обама.

Ова е првпат, еден израелски премиер да биде во американскиот главен град и да зборува во Конгресот, но да не биде примен во Белата куќа. Официјалното објаснување е дека САД од поодамна имаат воспоставено практика претседателот да не се среќава со премиер на некоја земја, во која набргу треба да се одржат парламентарни избори.

Нетанјаху ќе биде во Вашингтон на само две недели пред предвремените избори во Израел, на кои лидерот на партијата Ликуд има силен противник во тамошната Лабуристичка партија, но набљудувачите во САД и во Израел оценуваат дека „преседанот“ е само изговор.

Причината, според нив, е длабоката криза во односите меѓу двете земји и традиционални сојузници на Блсикиот Исток, предизвикана од несогласувањето на израелскиот премиер со американската политика кон Иран, во сегашните преговори на групата „Пет плус еден“ (членките на Советот за безбедност, плус Германија) за иранската нуклеарна програма.

Израелскиот премиер ги критикува САД и другите дека се „предаваат“ во обидот да го запрат Иран да произведе атомска бомба. Нетанјаху смета дека со сегашниот американски приод кон Техеран и кон неговата нуклеарна програма, му овозможуваат на Иран за неколку години да развие капацитети за правење атомска бомба.

- Имам респект кон САД и кон нивниот претседател, но за вакво судбоносно прашање кое може да определи дали ние (Израелците) ќе може да преживееме, морам да направам се, за да спречам една таква голема опасност, што се надвиснува врз Израел, изјавил во Ерусалим, Нетанјаху, зборувајќи за иранската нуклеарна закана за неговата земја и за претстојната контроверзна посета на Вашингтон.

Американскиот државен секретар Џон Кери ги отфрли ваквите обвинувања од изралскиот премиер, инсистирајќи дека тој „греши околу Иран“ и тврдејќи дека спогодбата на која се работи и што треба да биде готова до крајот на март, му гарантира на Израел мирна безбедност.

Официјален Вашингтон се лути што Нетанјаху доаѓа во САД како гостин и на покана на Спикерот во Конгресот, републиканецот Џон Бенер и на Републиканската партија, која исто така ја критикува американската позиција кон Иран и начинот на кој се водат преговорите.

Посетата се остварува и покрај сугестиите од Вашингтон да се одложи посетата и израелскиот премиер да не зборува во Конгресот, против преговорите со властите во Техеран, кои сега се во завршната фаза, па потпретседателот Џо Бајден соопшти дека нема да присуствува на излагањето на Нетанјаху, а тоа го најавија и неколкумина познати конгресмени од Демократската партија.

Американската администрацја ја оквалификува посетата како „спротивна на протоколот“ а советникот за национална безбедност Сузан Рајс ја означи како „деструктивна за билатералните односи“ меѓу двете земји, затоа што тие не може да се градат како односи меѓу Ликуд и Републиканците.

Бенјамин Нетанјаху е критикуван во дел од израелската јавност за неговата „кавга“ со САД, обвинувајќи го дека само им оди на рака на Иранците. Но тој остануван убеден дека треба да и се обрати на американаката јавност за заканата за Израел од иранското атомско оружје. Тој дури одби да се сретне со некои сенатори-демократи, затоа што, како што рече, тоа би значело „партизација на неговата посета“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...