Во војната во Газа загинале 538 деца

Женева, 4 март 2015 (МИА) - Специјалниот известувач за човекови права на палестинските територии Макарим Вибосоно го повика вчера Израел да го истражи убиството на повеќе од 1.500 палестински цивили, од кои една третина се деца за време на војната во Појасот Газа минатото лето. Тој побара од Израел да ги објави резултатите од истрагата.

Вибосоно, кој е поранешен амбасадор на Индонезија, го објави првиот извештај на Советот за човекови права на ОН, откако стана специјален известувач за човековите права на палестинските територии. 

Американскиот државен секретар Џон Кери го обвини во понеделникот тоа тело дека е опседнато со обвиненијата против Израел и дека неговата земја ќе го брани Израел против настојувањата да се изолира. 

За време на 50 дневната војна се убиени 2.256 Палестинци, од кои 1.563 цивили и 538 деца. На израелската страна загинаа 66 војници и петмина цивили, изјави Вибосоно.

Израел покрена воена офанзива за да го спречи ракетирањето од Појасот Газа, со кој владее исламистичкиот Хамас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...