Парк Геун-хе:

Нападнат амбасадорот на САД во Сеул

Сеул, 5 март 2015 (МИА) - Претседателката на Јужна Кореја, Парк Геун-хе изјави денеска дека нападот врз американскиот амбасадор во Сеул е напад врз воениот сојуз меѓу Јужна Кореја и САД.

- Станува збор не само за физички напад врз амбасадор, но и за напад врз сојузот меѓу Јужна Кореја и САД, нагласи таа преку соопштение.

Претходно денеска американскиот амбасадор, Марк Липерт, кој учествуваше на форум во културниот центар „Кралот Сеџон“ во Сеул беше нападнат од маж, кој со себе носел жилет.

Мажот во моментот на нападот врз Липерт извикувал: „Јужна и Северна Кореја треба повторно да се обединат“.

Липерт е полесно повреден во инцидентот во пределот на лицети и раката и е хоспитализиран.

Напаѓачот чие име според јужнокорејските медиуми е Ким Ки-џон (55), лидер на левичарската организација „Уримадан“, е уапсен од полицијата, која моментално го сослушува.

Ким Ки-џон во 2010 година беше осуден условно на две години затвор поради тоа што фрлил со парче бетон кон јапонскиот амбасадор во Сеул во знак на протест против територијалните претензии на Токио во Јапонското Море.

Липерт (42) ја презеде должноста амбасадор во Сеул минатата година и е мошне популарен во Јужна Кореја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...