Нов Зеланд ги шпионирал комуникациите на соседните земји во Пацификот

Окланд, 5 март 2015 (МИА) - Новозеландската разузнавачка агенција извршила масовно прислушување на комуникациите на нејзините соседни земји, во реонот на Пацификот, надгледувајќи ги телефонските пораки, електронската пошта и сите телефоски разговори, пишува весникот „Њу Зиланд Хералд“.

За своите откритија, овој весник од Окланд се повикува на документите што ги зеде со себе, пред да побегне, Едвард Сноуден поранешен соработник на американската Национална агенција за безбедност (НСА).

Добинетите информации и сознанија од прислушувањето, разузнавачката агенција на Нов Зеланд потоа ги делела со другите земји-членки на групата „Пет очи“ во која се и САД, Австралија, Велика Британија и Канада.

Според сознанијата на весникот, за оваа операција на шпионирање на соседните земји, била користена базата на Бирото за тајни комуникации (ГЦСБ) лоцирана на Јужниот Остров на Нов Зеланд.

Цел на прислушувањето биле пацифичките островски држави, Фиџи, Папуа Нова Гвинеја, Соломонските Острови ,Науру, Самоа, Вануату, Кирибати, Нова Каледонија, Тонга и Француска Полинезија.

Премиерот на Нов Зеланд Џон Ки изјави дека во извештајот што го објавува весникот „Њу Зиланд Хералд“ има грешки и неточни претпоставки, но одби да даде елаборација на своето објаснување.

Ки меѓутоа рече дека дејствувањето на новозеландската прислушна агенција ГЦСБ било во интерес на Нов Зеланд и заштитата и обезбедувањето на неговите државјани.

Едвард Сноуден, поранешен соработник на американаката НСА, во 2013 година, побегна од САД, преку Хонг Конг во Русија, каде подоцна доби и политички азил. Со себе понесе голем број доверливи и тајни податоци за дејствувањето на агенцијата и за тајната операција за надгледување и контрола на комуникациите преку телефон и интернет, што им ги даде за објавување на некои медиуми во светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...