КЦНА: Нападот врз американскиот амбасадор во Сеул е казна за воените подбуцнувачи

Сеул, 5 март 2015 (МИА) - Нападот со жилет врз американскиот амбасадор во Сеул, Марк Липерт, за севернокорејската новинска агенција КЦНА  е „казна“ за американската одлука да ги продолжи заедничките воени вежби со Јужна Кореја.

-Тоа е само казна за американските воени подбуцнувачи, јави државната агенција КЦНА во кратката  вест, наведувајќи дека нападот е оправдан „израз на отпорот“, пренесуваат британските медиуми.

Според КЦНА, нападот што врз Липерт го изведе јужнокорејски активист, го одразува ставот на јужнокорејското јавно мислење „кое е критичко кон САД бидејќи со одржувањето на опасните воени вежби се создава воена криза на Корејскиот Полуостров“.

Годишните воени вежби, што секогаш ја креваат тензијата со Северна Кореја, почнаа во понеделникот со учеството на неколку илјади војници на Јужна Кореја и САД.

Ким Ки-џонг, човекот кој го нападна мабасадорот Липерт, на полицијата и изјавил дека спротивставувањето на воените вежби било главниот мотив на неговата акција.

Липерт успешно заздравува по 2,5-часовната хируршка интервенција откако денеска во Сеул со жилет беше исечен по лицето и раката од страна на Ким Ки-џонг.

Западните агенции јавија дека неговата здравствена состојба е стабила и дека ќе остане во болница на натамошно набљудување во следните три до четири дена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...