Њујорк, 5 март 2015 (МИА) - Училиштата во Њујорк ќе првпат во историјата ќе одбележат два муслимански празници првпат во историјата.
Градоначалникот Бил де Блазио вчера најави дека државните училишта во Њујорк ќе бидат затворени на 24 септември за курбан бајрам, а во 2016 година училиштата нема да работаат и за Рамазан бајрам.
Де Блазио изјавата ја даде во училиште во Бруклин, каде над една третина од учениците отсуствуваа од настава за време на празникот Курбан бајрам.