Откриено јадро за формирање „Исламски калифат“

Куала Лумпур, 5 март 2015 (МИА) - Шефот на специјалната бригада за борба против тероризам на Малезија, Корум Ајуб Кан денеска соопшти дека во соработка со колегите од Индонезија откриена е милитантна исламистичка група која подготвувала оснивање на „Калифат“ идентичен на оној на групата Исламска држава (ИД) во Ирак и Сирија.

Досега, во акцијата што започнала минатата година, се приведени над 100 радикални исламисти, меѓу кои има и учесници во борбите на ИД и потенцијални милитанти кои биле обучувани во неколку кампови.

Групата, која се нарекува Мајамуах ал Аркабили,’ се уште има неоткриени агитатори на идејата за „Исламски калифат“ и во Сингапур и на Филипините.

Според медиумите, чии извештаи се потпираат на доверливи извори, групата била откриена по дојава на филипинското крило на Ал Каеда,  Абу Сајаф. Иако се согласувале со идејата за оснивање на „Калифати“ во Индонезија и Малезија, раководителите на Абу Сајаф не дозволувале мешање на новите џихадисти на територијата на која тие оперираат.

Со околу 500 припадници под оружје, групата Абу Сајаф оперира на југот на Филипините и во Малезија. Оваа група обезбедува финансиски средства со киднапирање и уцена за откуп на богати локални бизнисмени и странски туристи кои со свои јахти крстосуваат во овој дел на светот.

Познат е и антагонизмот на Абу Сајаф со припадниците на МОРО фронтот чии борци, речиси пет децении со оружје се борат за автономија на југот на филипинскиот архипелаг, каде што муслиманското население е доминантно.

Од лани, специјалниот тим за преговори именуван од филипинскиот претседател Бенињо Акино и раководството на МОРО фронтот водат директни преговори за мир. Завојуваните страни се блиски до конечна спогодба за давање на широка автономија на јужниот дел на Филипините, а минатата недела Акино изјави дека мирот што е на повидок ќе го смета за најголем политички успех на неговата администрација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...