„Исламска држава“ уништи древен асириски град во Ирак

Багдад, 6 март 2015 (МИА) - Екстремистичката група „Исламска држава“ почна денеска со уништување на древниот асириски град Нимруд во Ирак, соопшти ирачката Влада, што е најнов напад на џихадистите врз културното наследство на оваа блискоистична држава.

ИД го нападна историскиот град Нимруд и го уништи со тешки возила, соопшти ирачкото Министерство за туризам и антиквитети.

Ирачки претставник ја потврди оваа информација, истакнувајќи дека уништувањето почнало по молитвата на пладне и оти камиони, на кои веројатно се одвлечени уметничките предмети, се забележани на местото.

- Засега, не знаеме во кој обем тој е уништен, рече претставник кој инсистираше да остане анонимен.

Нимруд, кој е основан во 13 век пред новата ера, се наоѓа на реката Тигар, околу 30 километри југоисточно од Мосул, втор по големина ирачки град и упориште на ИД во земјата.

Уништувањето на Нимруд, скапоценост на асириската ера, уследи една недела откако џихадистичката група објави видео снимка на која се гледаат екстремисти како со бушилки уништуваат непроценливи древни уметнички предмети во музејот во Мосул.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...