Јапонија воведува разузнавачка служба во својот безбедносен систем

Токио, 6 март 2015 (МИА) - Јапонија го разгледува прашањето за воведување разузнавачка служба кон странство по урнекот на британската агенција МИ6, велат пратениците од владеачката Либерално-демократска партија (ЛДП), 70 година откако победниците во Втората светска војна го расформирале злогласниот јапонски воен разузнавачки систем.

Новата разузнавачка агенција за странство би била составен дел од безбедносната рамка што ја гради премиерот Шинзо Абе, инсистирајќи на измени во уставните ограничувања за прашањата на воените операции во странство.

Идејата расцепканата разузнавачка заедница во Јапонија да се реформира доби свој поттик после убиството на двајцата јапонски заробеници што го изведе екстремната џихадистичка организација Исламска држава во Сирија на почетокот на годината, кога се виде колку Токио зависи од пријателските земји кога се во прашање безбедносните информации.

Абе веќе формира Национален безбедносен совет по урнекот на американската Национална безбедносна агенција (НСА) и донесе строг закон за државни тајни, а сега работи на законите за укинување на забраната на остварување права од колетивната самоодбрана или на давање воена помош на сојузник кој е нападнат.

- За да станеме 'нормална земја' од клучно значење е да имаме разузнавачка агенција, изјави професорот на универзитетот Такушоку, Такаши Каваками.

Пратениците од партијата на Абе се надеваат дека до есен ќе направат предлог закон, особено по посетата на Велика Британија, чија разузнавачка служба кон надвор - МИ6 е можниот модел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...