Нова радикална исламистичка група на Филипините

Манила, 6 март 2015 (МИА) - Филипинската армија денеска соопшти дека ќе преземе сериозна операција за уништување на ново појавената радикална исламистичка група која се јави како Исламистичко Движење за Правда. Основач на новата група е Мохамед Али Томбако, еден од тројцата најбарани терористи во овој дел на Азија.

Идеолог на групата ќе бил еден од водачите на движењето Абу Сајаф, филипинско-малезиско крило на Ал Каеда, Бусит Усман кој успеал да се спаси во борбите од 25 фебруари, кога беше ликвидиран бомбашот Зулфикир бин Хир, но загинаа и 44 припадници на специјалната полиција.

Најголем дел од припадниците на новата група се регрутирани од екстремното крило на МОРО муслиманското движење, чие раководство е во завршна фаза на преговорите за мир и широка автономија за јужниот дел на филипинскиот архипелаг во кој муслиманите се доминантно население. Околу 5.000 борци под оружје, кои речиси половина век се борат против централните власти во Манила, од лани го одложија оружјето во очекување на конечниот договор за мир.

Првиот проглас на новата група беше дека ќе ги уништи филипиндките војници на југот на архипелагот, а дека „ништо подобро“ нема да поминат американските војници стационирани во овој дел на Азија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...