Зимска бура го зафати источниот дел на САД

Вашингтон, 6 март 2015 (МИА) - Зимска бура го погоди источниот дел на САД заради што се откажани речиси 5.000 авионски летови, а стотици возачи во Кентаки останале заробени заради снежната прекривка од 58 сантиметри.

Предупредувања и совети за зимска бура се во сила од американските држави во регионите од Средниот Атлантик (Делавер, Мериленд, Њу Џерси, Њујорк, Пенсилванија и дистриктот Колумбија) до јужната држава Нова Англија, како и од долината Мисисипи до Апачките планини, соопшти Националната метеоролошка служба.

Се очекува ширум северниот дел од областа Среден Атлантик да паднат уште 10 сантиметри снег, пред бурата да ослабне.

Авион на компанијата „Делта ерлајнс“ слета од пистата и удри во ограда, додека по снежна бура се спуштал на њујоршкиот аеродром „Ла Гвардија“. Нема повредени, наведуваат британските медиуми.

Гувернерот на Кентаки, Стив Бишсир, прогласи вонредна состојба, а стотици возачи во текот на ноќта останале заробени во снегот бидејќи сообраќајот на автопатиштата бил запрен.

Делница од околу 37 километри од автопатот 65, во  близина на Елизабеттаун, е затворена за сообраќај, а гувернерот за Си-Ен-Ен кажа дека дел од долгата сообраќајна колона веќе почнал да се придвижува.

-Повторно се движи, фала му на Бога, додаде Бишир.

Сообраќајот по автопатот 24, во близина на Падука, исто така, полека почна да се движи, но температурите во текот на ноќта дополнително опаднаа, па мразот повторно создаде проблеми, соопштија  службите задолжени за оддржување на патната инфраструктура

Најавено е дека нема да работат стотици училишта, владини канцеларии и судови во дистриктот Колумбија, Њу Џерси, Јужна Каролина и Тенеси.

Во Вашингтон се затворени федералните служби и Конгресот.

Има информации за голомразица во долината на реката Охајо и околните држави, а  едно лице настрада во судар во округот Диксон во Тенеси.

Во Далас од огнено оружје е убиен маж дека фотографирал како паѓа снегот, но никој не е уапсен и мотивот за убиството засега не е  познат, соопшти полицијата.

Откажани се вкупно 4.858 летови, а снежната бура најтешко ги погоди аеродромите во Далас, Вашингтон, Филаделфија и Њујорк.

Во некои делови на Масачусетс паднаа и до 19 сантиметри снег, но официјално не е соопштено дали во Бостон е соборен рекордот во годишно  количество паднат снег.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...