Ниту една држава нема остварено родова еднаквост

Њујорк, 6 март 2015 (МИА) - Дваесет години откако 189 држави го прифатија планот за постигнување еднаквост меѓу мажите и жените, ниту една земја не оствари родова еднаквост, изјави денеска директорката на Агенцијата на ОН за права на жената Пумзиле Мламбо Нгчука.

Иако по конференцијата на Агенцијата на ОН во Пекинг 1995 година е остварен напредок, особено во областа на здравјето на жените и образованието на девојчињата, денеска помалку од 20 жени се на чело на држава или влада, а бројот на пратенички е зголемен од 11 на само 22 проценти во изминатите две децении.

Мламбо Нгчука во интервју пред Денот на жената, истакна дека недоволната вклученост на жените во носењето одлуки и насилството над жените претставува глобален феномен како резултат на машката доминација во светот, што мора да се промени за остварување на еднаквост на мажите и жените. 

Платформата од Пекинг повикува владите да се справат со дискриминацијата над жените и елиминирање на родовата нееднаквост во 12 критични области, вклучително здравство, образование, вработување, учество во политика и човекови права. 

Мламбо Нгчука предупреди дека прашањето за сексуалните и репродуктивни права, се уште предизвикува контроверзии во преговорите на ОН. Според неа светските лидери мора да почнат да зборуваат крајно гласно и отворено против сексуалното насилство и негирање на женските права, а подобрување на родовата еднаквост мора да биде во врвот на нивната агенда. 

Следната недела ќе се одржи состанок на Комисијата за статус на жената, што ќе ја преразгледа платформата за акција на 150 страници со цел за постигнување на родова еднаквост, усвоена на конференција на Агенцијата за права на жената во Пекинг 1995 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...