Палестинец повреди петмина Изрелци во напад со автомобил во Ерусалим

Ерусалим, 6 март 2015 (МИА) - Еден Палестинец повреди петмина израелски пешаци, откако својот автомобил го насочил кон група Израелци кои стоеле на тротоар. Меѓу повредените, четири се жени-полицајци, а петтиот повреден е еден случаен минувач.

Нападот се случил на работ меѓу источниот и западниот дел на Ерусалим,во дел каде минатата година се случија неколку вакви инциденти.

Палестинецот чиј идентитет не се открива,по нападот го запрел возилото и тргнал со намера да ги избоде со нож нападнатите пешаци,но пред да ја оствари својата намера бил застрелан и ранет од една од полицајците.

Сите повредени се пренесени во болница, но никој од нападнатите Израелци не се наоѓа во животна опасност.

Денешниот напад се случи во време кога во Ерусалим има повеќе луѓе на улиците од обично,поради еврејскиот празник Пурим.

Инцидентот доаѓа само десетина чесови по одлуката на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) да ја суспендира 20 години старата одлука за безбедносна соработка со Израел.

Претходно, израелската влада прекина со префрлање на наплатените даноци на палестинските власти, како реакција на барањето на Палестините да бидат примени во Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...