Армијата останува значаен политички чинител во Мјанмар

Јангун, 27 март 2015 (МИА) - Во новиот административен центар на Мјанмар, Најпујидав, беше одбележана 70-годишнината на мјанмарската армија со воена парада, но и со изјави на армискиот врв кои укажуваат дека војската и натаму ќе биде значаен чинител во политичкиот живот на државата.

Мјанмар, познат како поранешна Бурма, до 2012 година беше под полувековна воена управа, но и по делумното враќање на демократијата, армијата ја задржа одлучувачката улога во политичкиот живот.

Дека армијата си го задржува местото во политичкиот систем денеска официјално потврди и заменикот шеф на одбраната на Мјанмар, генералот Мин Аунг Хлаинг, кој изјави дека армијата сериозно се подготвува изборите во државата, закажани за ноември годинава, да поминат „како што треба“ и дека војската ќе учествува во нивната организација.

Армијата на Мјанмар, според сегашниот Устав, има своја пратеничка група која ја сочинуваат една четвртина од членовите на Парламентот, а тие имаат право на вето при донесување закони и уставни промени.

На денот на воената парада во Јангун беше објавено дека армијата на Мјанмар во последните денови ги зазела сите важни стратешки места во провицијата Шан, каде од средината на февруари води тешки борби со бунтовниците од племето Коканг.

Поради евентуално пронаоѓање на политичко решение за непријателствата во провинцијата која се граничи со Кина и се бори за отцепување, во Јангун беа прекинати преговорите за разоружување на шеснаесетте бунтовнички племиња. Нема најави дека е постигнат некаков напредок во преговорите, но останува најавата дека тие ѓе продолжат на 30 март.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...