Најмалку 39 цивили се убиени во Јемен во изминатите 24 часа

Сана, 27 март 2015 (МИА) - Најмалку 39 цивили се убиени во Јемен за повеќе од 24 часа, откако почнаа воздушните напади врз шиитските бунтовници, предводени од Саудиска Арабија, изјави денеска претставник на Министерството за здравство во Сана. 

Дванаесет од жртвите загинале во синоќешните напади врз воена база, северно од Сана, кои го погодија и околниот станбен кварт, нагласија претставници на Министерството, кое е под контрола на шиитските бунтовници, Хути. 

Поранешен командант на базата е осомничен за соработка со Хутите. 

Три други напади рано изутринава беа насочени кон претседателската резиденција во северниот дел на Сана, кој исто така е под контрола на бунтовниците.

Во текот на ноќта источно од Саба беше нападнат и камп на армиската бригада во провинцијата Маариб, лојална на поранешниот претседател Али Абдула Салех. 

Воен извор изјави дека воени авиони на коалицијата, предводена од Саудиска Арабија исто така синоќа извршиле напади врз камп, во кој има голема количина оружје, во јужно предградие на Сана. Тој соопшти за десетици жртви во тој камп, чија команда останала лојална на поранешниот претседател Салех, кој беше принуден во 2012 година да ја напушти функцијата по 33 години владеење и кој е обвинет дека е во сојуз со шиитските бунтовници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...