Апелацискиот суд го отфрли случајот против претседателката

Буенос Аирес, 27 март 2015 (МИА) - Апелацискиот суд на Аргентина го отфрли случајот против претседателот Кристина Фернандез де Кирхнер и ја потврди претходната пресуда на федералниот судија Даниел Рафекас, соопшти аргентинското Министерство за правда.

Двајца од тројцата апелациски судии, кои ја испитувале жалбата на државниот обвинител по одлуката на судијата Рафекас, заклучиле дека нема докази за обвинувањата против претседателата.

Кристина Кирхнер беше обвинета дека ги прикривала сознанијата и доказите за вмешаноста на ирански функционери во терористичкиот напад врз Еврејскиот центар во Буенос Аирес,од 18 јули 1994 година, во кои беа убиени 85 лица, а други 200 беа ранети.

Обвинувањата против претседателката ги изнесе специјалниот иследник Алберто Нисман, кој го истражуваше нападот од пред повеќе од 20 години.

Во својот завршен извештај на 350 страници, тој ја обвини Кирхнер, како и министерот за надворешни работи Хектор Тимерман, дека ја „попречувале“ истрагата и ги прикривале доказите за иранската вмешаност, за да се обезбеди склучување на голема трговска зделка со Иран.

Властите во Техеран уште веднаш по терористичкиот напад ги отфрлаа обвинувањата на првичната аргентинска истрага дека тие имаат врска со уништувањето на Еврејскиот центар.

Аргентинската претседателка исто така ги отфрли тврдењата во извештајот на Нисман, но Комисијата за безбедност на Парламентот на Аргентина го повика Нисман да сведочи пред пратениците за изнесените обвинувања.

Десет часови пред да се појави пред Комисијата, Нисман беше најден мртов во својот стан затрелан со куршум во главата. Првичната реакција на полицијата беше дека станува збор за самоубиство, но подоцна таквата проценка беше оценета како избрзана.

Неговото семејство побара независна истрага од експерти по форензика и криминлистика, кои заклучија дека Нисман е убиен, а дека целата сцена во станот е наместена за да изгледа како самоубиство. Неговата смрт предизвика големи протести низ Аргентина и барања за оставка на Кирхнер, како и за откривање на целата вистина за неговата смрт и за терористичкиот напад од 1994 година.

Владата отфрла каква било поврзаност со смрта на Нисман, а претседателката Кирхнер ја обвини аргентинската тајна служба дека го „хранела“ специјалниот иследник со „лажни сознанија“ за да се предизвика криза и за да се собори власта.

Кирхнер треба да се повлече од функцијата на крајот од декември. Алберто Нисман беше поставен за специјален иследник, од претходникот на Кирхнер, нејзиниот сопруг и поранешен претседател Нестор Кирхнер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...