Двата трговски центри во близина на Пентагон повторно отворени (ДПЛ)Вашингтон, 27 март 2015 (МИА) - Двата трговски центри во Арлингтон, во близина на американското Министерство за одбрана, што денеска беа евакуирани по анонимната дојава за бомба, повторно се отворени, соопшти полицијата на округот Арлингтон.
Сообраќајот е повторно пуштен и отворени се продавниците во „Пентагон сити шопинг плаза“ и во „Пентагон сити мол“ откако полициски кучиња ја пребараа околината.
|