Во Узбекистан утре се одржуваат претседателски избори

Ташкент, 28 март 2015 (МИА) - Во Узбекистан утре се одржуваат претседателски избори на кои се очекува убедлива победа на долгогодишниот лидер Ислам Каримов, но долгорочната иднина на оваа држава во центална Азија и натаму е мошне неизвесна. 

Во земјата има околу 20 милиони избирачи со право на глас, а објавувањето на резултатите се очекува в понеделник. 

Ислам Каримов (77) се наоѓа на чело на поранешната советска република со 30 милиони жители континуирано од крајот на ’80-те години на минатиот век и немилосрдно ја задушуваше секоја опозиција. 

Каримов на утрешните избори ќе се соочи со тројца чисто номинални кандидати. Тој на претходните избори во 2007 година освои 91 отсто од гласовите.

Иако во Узбекистан нема никакви назнаки за немир, иднината на земјата е неизвесна поради тешката безбедноста ситуација во соседен Авганистан и непостоењето на јасен план за сукцесија, доколку Каримов ненадејно ја напушти политичката сцена. 

Не треба да се занемарат ниту економските проблеми, кои би можеле да настанат како последица на неминовната рецесија во Русија, каде живеат и работат околу три милиони Узбекистанци. 

Од стекнувањето на независност во 1991 година Узбекистан водеше политика на економска самодоволност и се обиде да ги држи во рамнотежа дипломатските односи со Западот и со Русија. 

САД отворија воена база во таа земја по терористичките напад врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, но во 2005 година беа принудени да ја напуштат, бидејќи односите меѓу двете земји се влошија, откако властите насилно го задушија бунтот во Андиџана, кога се смета дека загинаа неколку стотици лица. Оттогаш на речиси сите западни медиуми им е забрането да известуваат од таа земја, а независните новинари и активисти се изложени на постојани репресии. 

Каримов на предизборните собири говореше дека Узбекистан повеќе никогаш нема да дозволи отварање на странска воена база на своја територија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...