Авионот на „Ер Канада“ 330 метри се влечел со трупот пред да запре надвор од пистата

Халифакс, 30 април 2015 (МИА) - Авионот на „Ер Канада“, кој принудно слета на аеродромот Халифакс поради снежната бура, се влечел 330 метри со трупот, пред да запре надвор од пистата. 

Дваесет и пет патници се хоспитализирани заради набљудување и лекување на лесни повреди, соопшти авиокомпанијата. 

Мајк Канингам, регонален менаџер на Управата за безбедност на сообраќајот на Канада изјави на прес-конференција дека авионот удрил повеќе антени и се лизгал 330 метри пред да запре.

Од Управата за безбедност на сообраќајот покажаа снинки на авионот, кој претрпел сериозни штети, предниот дел е оштетен, а еден од моторите бил смачкан под повреденото крило.

Според Канингам при слетувањето најверојатно бил погоден и далновод, што доведе до привремен прекин на дотокот на струја за аеродромот.

Авиокомпанината соопшти дека 24 патници биле испишани од болница, а само еден останал на лекување.

- Сите ние во „Ер Канада“ сме мошне благодарни дека нема посериозни повреди во овој инцидент, изјави претставникот на компанијата, Клаус Горш.

Сто триесет и тројца патници и петмина членови на екипажот патувале на летот АЦ62 со Ербасот 320. Авионот полетал од Торонто доцна во саботата и слетувал во услови на снежна бура вчера.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...