Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт прогласен виновен за корупција

Тел Авив, 30 март 2015 (МИА) - Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт утринава е прогласен за виновен за измама и изневерена доверба во повтореното судење за корупција, три године откако првично беше  ослободен од истите обвинувања.

Пресудата утринава му ја изрече ерусалимскиот Окружен суд.

Адвикатите на Олмерт најавија жалба на одлуката на судот.

Во 2012 година Олмерт беше ослободен од обвиненија, вклучувајќи го и  тоа за примање пари во кеш во плико од еден приврзаник од САД, и тоа во периодот пред да стане премиер. Оваа пресуда се сметаше за негова голема победа.

Меѓутоа, поранешната шефица на неговиот кабинет Шул Закен подоцна сведочеше и претстави снимки од разговор со Олмерт, што послужија како доказ дека примал пари, заради што беше организирано ново судење, наведуваат американските медиуми.

Судскиот совет заклучи дека Олмерт парите ги користел во приватни цели, а истите ги немал пријавено.

Израелските медиуми наведуваат дека аудио снимките што ги снимила Закен и за кои сведочела пред судот, откриваат дека Олмерт за време на првото судење ја убедил да не сведочи против него.

Неговото ослободување по првото судење предизвика критики без преседам бидејќи со тоа во пракса се санкционира неговиот „повеќегодишен рецепт - пликоа од американскиот бизнисмен Морис Талански во кои имало стотици илјади непријавени долари“. Парите, наводно биле чувани во сефот на неговиот помошник и адвоикат Ури Месер.

Во текот на првичното испитување Олмерт негираше дека примал пари од овој бизнисмен, но подоицна во судот призна, иако кажа дека парите биле користени за дозволени политички цели.

Во фокусот на повтореното судење беше сведочењето на Шул Закен и снимките кои таа ги обезбедила, а се однесуваат и на 30.000 долари, што таа секоја година ги добивала од Олмерт.

Во сведочењето на претходното судење Олмерт негираше дека знае за овие пари, меѓутоа снимките покажуваат дека за нив тој добро знаел.

Олмерт долги години беше политичар.

Пратеник станал уште во 1973 година како член на конзервативниот Ликуд. Во 1993 година станува градоначалник на Ерусалим. Десет години подоцна бил и вицепремиер во владата на премиерот Ариел Шарон. Во 2005 година излегува од Ликуд и заедно со Шарон ја основаат центристичката партија Кадима. На почетокот на  следната година станува вршител на должноста премиер, бидејќи Шарон доживеа мозочен удар.

Во март истата година Ликуд победува на изборите, а во јули Олмерт ја води едномесечната војна со Хезболах во Либан. Следната 2007 година ги почна мировните преговори со Палестинците, а во 2008 година поднесува оставка заради обвинението за корупција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...