Земјотрес од 6,3 степени по Рихтер регистриран во близина на СамоаСингапур, 30 март 2015 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 6,3 степени по Рихтер е регистриран денеска во близина на брегот на тихооеканските острови Самоа, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
Епицентарот на потресот бил на 124 километри западно од главниот град Апиа, на длабочина од 116 километри.
Претходно денеска земјотрес со интензитет од 7,7 степени по Рихтер ја потресе Папуа Нова Гвинеја.
|