Њујорк, 11 април 2015 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин се најде на првото место меѓу светските лидери на листата на највлијателни луѓе кои ги објави Тајм, врз основа на он-лајн анкета на читатели. Според резултатите, рускиот лидер добил 6,9 отсто гласови.
Папата Франциско добил 1,5 отсто гласови, потоа следи Обама кој е на 14 место. Кинескиот претседател Кси Џинпинг и германската канцеларка Меркел не се во првите 20 бидејќи освоиле само по 0,9 отсто гласови.
Конечните резултати од јавното гласање ќе бидат објавени в понеделник додека изборот на уредниците на Тајм ќебиде претставен на 16 април. Неделникот Тајм излегува од 1923 година, а листата на 100 највлијателни луѓе се објавува од 1999 година.