Моника Левински: Цената на срамот

Гледате во жената која со децении не се обраќала јавно. Очигледно, тоа се промени, но дури неодамна.

Пред неколку месеци го одржав својот прв позначаен јавен говор на самитот на Форбсовите 30, помлади од 30: 1500 брилијантни луѓе, сите помлади од 30 години. Најстарите од групата имаа само 14 години, а најмладите само четири. Се шегував со нив дека можеби некои од нив слушнале за мене од рап песните. Да, јас сум во рап песните. Во речиси 40 рап песни.

(Смеење)

Но таа ноќ, кога го одржав говорот, се случи нешто интересно. Во 41 година, ми се додворуваше 12 годишно дете. Знам дека беше шармантен и ми годеше но го одбив. Знаете со која неуспешна приказна ме одби? Поради него можев да се чувствувам како повторно да има 22 години.

(Смеење) (Аплауз)

Подоцна истата ноќ сфатив дека веројатно сум единствено лице постаро од 40 години кое не сака повторно да има 22 години.

На 22 години се вљубив во мојот шеф, а на 24 години ги дознав поразителните последици од тоа.

Можете ли да кренете рака, кој било код вас кој не грешел или направил нешто на 22 години поради што се кае? Да. Така и мислев. Како мене, на 22 години, некои од вас веројатно тргнале по погрешен пат и се вљубиле во погрешно лица, можеби дури во својот шеф. За разлика од мојот, вашиот шеф веројатно не бил претседател на САД. Секако, животот е полн со изненадувања.

Не поминува ни ден, а да не ме потсетат на мојата грешка и јас искрено се каам поради таа грешка. Во 1998 година, откако влегов во вртлогот на невозможна романса, потоа влегов во самото срце на политичкиот, правниот и медиумскиот вртлог каков никогаш претходно не сме виделе. Не заборавајте, само пред неколку години, вести добивавме само на три места: читајќи весници и списанија, слушајќи радио или преку телевизија. Тоа беше тоа. Но, тоа мене не ми беше судено. Наместо тоа, овој скандал ви го обезбеди дигиталната револуција. Тоа значеше дека имавме пристап до сите информации кои ги сакавме, кога и да ги сакаме, било кога и било каде и кога приказната беше обелоденета во јануари 1998 година, беше обелоденета преку интернет. Првиот пат се случи традиционалните вести да отстапат место на интернет поради големите приказни, клик кој одекна во светот.

Тоа лично за мене значеше дека преку ноќ од целосно непознато лице станав лице јавно понижено ширум светот. Јас бев нулта пациент во губење на личниот углед на глобално ниво, речиси моментално.

4:14 Технологијата овозможи обвиненијата кон некого да доведат до каменување од страна на виртуелна толпа. Јасно, беше тоа пред социјалните мрежи, но луѓето и понатаму можеа да оставаат коментари, да пишуваат меилови и секако сурови вицови. Медиумските извори лепеа мои фотографии насекаде за да ги продаваат весниците, огласни банери на сајтовите и да ги задржат гледачите пред екраните. Дали посебно се сеќавате на некоја моја фотографија, на пример со баретка?

Е сега, признавам грешев, посебно поради тоа што ја носев таа баретка. Но, вниманието и осудите кои ги добив јас, не самата приказна, туку тие кои беа упатени лично на мене, беа сурови. Ме жигосаа како лесна жена, развратна, дроља, к**ва, кучка и секако како Таа жена. Многумина знаеја за мене, но ме познаваа само ретки. И разбирам, беше лесно да се заборави дека се работи за комплексна личност, која има душа и не била од секогаш скршена.

Кога ми се случи тоа пред 17 години, не постоеше име за тоа. Денес тоа го викаме сајбер малтретирање и вознемирување на интернет. Денес сакам да поделам со вас некои свои искуства, да зборувам за тоа како тоа искуство ги обликуваше моите културолошки запазувања и се надевам дека моето искуство ќе доведе до промени кои ќе резултираат со помало страдање кај другите.

Во 1998 година го изгубив угледот и достоинството. Изгубив речиси се, за малку дури и животот.

Дозволете ми да ја опишам ситуацијата. Септември 1998 година. Седам во канцеларија без прозорци, внатре во Канцеларијата за независно советување, под треперливи флуоресцентни светла. Го слушам звукот на својот глас, својот глас на тајно снимени телефонски повици кои мојот наводно пријател ги снимил претходната година.

Тука сум бидејќи законски од мене беше побарано лично да ја утврдам веродостојноста на сите 20 часа снимени разговори. Во претходните осум месеци, мистериозната содржина на тие снимки ми висеше над глава, како Дамоклов меч. Мислам, кој би се сетил што се кажал пред една година? Исплашена до смрт, слушав, слушав како зборувам за секојдневни глупости, слушав како ја признавам својата љубов кон претседателот и секако за своето скршено срце; слушав за себе, на момент малициозна, на момент невоспитана, дури луцкаста, како станувам сурова, злопамтило, недоделкана; слушав длабоко, длабоко посрамотена, ја слушав најлошата верзија за себе, себе која дури не ја ни познавам.

Неколку дена подоцна, извештајот Стар е објавен во конгресот и сите тие снимки и транскрипти, украдени зборови, беа дел од него. Тоа дека луѓето можат да ги читаат транскриптите беше доволно страшно, но по неколку недели, аудио снимките беа емитувани на ТВ, а голем дел беше достапен на интернет. Јавното понижување ме болеше. Животот речиси ми беше неподнослив.

Да прескокнеме 12 години до 2010. И сега имаме социјални мрежи. Пејзажот сега за жал, е исполнет со случаи како мојот, без оглед на тоа дали некој всушност погрешил и сега тука се и јавни и приватни лица. За некои последиците беа кобни, навистина кобни.

Разговарав преку телефон со мајка ми, во септември 2010 година, зборувавме за вести за младиот бруцош од универзитетот Ратгерс кој се викаше Тајлер Клементи. Слаткиот, нежен, креативен Тајлер го снимал неговиот цимер во момент на интимност со друг маж. Кога светот на интернетот дозна за овој инцидент, исмејувањата и сајбер малтретирањето експлодираше. Неколку дена подоцна, Тајлер скокна од мостот Џорџ Вашингтон во смрт. Имаше 18 години.

Мајка ми беше избезумена поради Тајлер и неговото семејство, беше раскината од голема болка, така што не можев да ја сфатам во целост, а потоа конечно сфатив, ја преживуваше таа 1998 година, го преживуваше времето кога седеше покрај мојот кревет секоја ноќ, го преживуваше времето кога ме тераше да се туширам со отворена врата и го преживуваше времето кога двајцата мои родители се плашеа дека ќе ме понижат буквално до смрт.

Денес, премногу родители немале шанса да интервенираат и да ги спасат своите сакани. Премногу од нив дознале за детските страдања кога веќе било доцна. Тајлеровата, брутална смрт беше пресвртница за мене. Ми послужи да ги ставам своите искуства во нов контекст и потоа почнав да го забележувам светот на понижување и малтретирање околу себе и да видам нешто друго. Во таа 1998 година, не можевме да знаеме каде ќе не однесе оваа нова технологија наречена интернет. Од тогаш ги поврза луѓето на незамисливи начини, спојувајќи изгубени браќа и сестри, спасувајќи животи, покренуваа револуции, но темнината, сајбер малтретирањето и навредите, кои јас ги искусив, се намножија.

Секој ден на интернет, луѓето, посебно младите луѓе кои немаат доволно искуство да се изборат со тоа, толку злоставуваат и понижуваат што тие не можат ни да замислат дека истото може да го доживеат утре, некои и трагично, може и да не го доживеат, но тука веќе ништо не е виртуелно. ChildLine, Британска непрофитабилна организација, која помага на младите, минатата година објави фрапантна статистика: Од 2012 до 2013 година, дошло до пораст од 87 отсто на јавувања и меиловите поради сајбер малтретирање. Метаанализата подготвена во Холандија првпат покажа дека сајбер малтретирањето доведува до раѓање на идеја за самоубиство, многу почесто од малтретирањето надвор од интернетот. И знаете што ме вџаши, иако не би требало, едно друго ланско истражување кое утврдило дека понижувањето на емоциите е со посилен интензитет и од среќата, па дури и од гневот.

Суровоста кон другите не е новост, но на интернет, технолошки помогнатото посрамување е понагласено, неконтролирано и трајно достапно. Ехото на срамот некогаш се простира само до вашето семејство, село, училиште или заедница, но денес тука е интернетот заедницата. Милиони луѓе, често анонимно, можат да ве повредат со нивните зборови, а тоа е многу болно и не постојат параметри колку луѓе можат јавно да ве гледаат и да ве сместат во јавен кош. Прилично е висока цената на јавното лично понижување, а растот на интернетот ја зголеми.

Веќе речиси 20 години, ние полека сееме семе на срам и јавно понижување на нашето културно тло, како надвор од интернетот, така и преку него. Трачерските сајтови, папараците, ријалити програмите, политиката, содржините на вестите, а понекогаш и хакерите, сите тргуваат со срамот. Тоа доведе до безчувствителност и попустливост во интернет средината која си дозволува тролување, нарушување на приватноста и сајбер малтретирање. Овој пресврт го создаде она што проф. Николас Милс го нарекува културно понижување.

Погледнете неколку репрезентативни примероци само во изминатите шест месеци. Снепчат, сервис кој го користат главно младите генерации и кој тврди дека нивните пораки имаат рок на траење од само неколку секунди. Можете да ја замислите количината на содржини која тука стигнува. Надворешната апликација која корисниците на Снепчат ја користат да ги зачуваат пораките е хакирана и 100.000 лични преписки, фотографии и снимки процуреа и со тоа доби неограничен рок на траење. Хакирани се и ИКлауд профилите на Џенифер Лоренс и некои други глумци, па приватни, интимни, голи фотографии се испозалепени насекаде на интернет без нивна дозвола. Една трачерска интернет страна имаше над пет милиони прегледи само за оваа приказна. Што е со хакирањето на Сони пикчерс? Документи кои добија најголемо внимание беа приватни меилови чиј срам најмногу се ценеше во јавноста.

Но во оваа култура на посрамотување, постои и друга цена која оди со јавното посрамување. Цена која не се мери со тоа колку страдала жртвата, која ја плати Тајлер и многу други, посебно жени припаднички на малцинства, припадници на ЛГБТ заедницата, туку цена која го мери профитот на тие кои профитирале од неа. Овој упад во туѓите животи е суровина ефикасно и немилосрдено ископана, спакувана и продадена заради профит. Се појави пазар на кој јавното понижување е стока, а срамот индустрија. Како се заработуваат пари? Со кликови. Што повеќе срам, толку повеќе кликови. Што повеќе кликови, толку повеќе пари од реклами. Ние сме во опасен круг. Што повеќе кликаме на вакви трачеви, стануваме се повеќе бесчувствителни кон човечките животи, а и се повеќе кликаме. Цело време некој заработува пари на грбот на туѓо страдање. Со секој клик правиме избор. Што повеќе ја заситуваме нашата култура со јавно посрамотување, се повеќе тоа ни е прифатливо и се почесто ќе гледаме такво однесување, како сајбер малтретирање, тролување, некои облици на хакирање и вознемирување на интернет. Зошто? Бидејќи во сржта на сето тоа е понижувањето. Ова однесување е последица на културата која ја создадовме. Размислете малку за тоа.

Промената на однесувањето настанува со развој на ставовите. Видовме дека е така во случај на расизмот, хомофобијата и кај другите предрасуди, минати и сегашни. Како што ги менувавме ставовите за истополните бракови, еднаква слобода на избор е понудена на се поголем број на луѓе. Кога почнавме да ја цениме одржливоста, се повеќе луѓе почнаа да ја рециклираат. Што се однесува до нашата култура на посрамување, потребна ни е културна револуција. Јавното посрамување како крвав спорт, мора да престане. Време е за посредување, на интернетот и во нашата култура.

Пресвртот почнува со нешто едноставно, но не е така. Мора да се вратиме кон старите вредности, сочувството и емпатијата. На интернет имаме дефицит во сочувството, криза на емпатијата.

Научничката Брене Браун рече, цитирам: - Срамот не може да ја преживее емпатијата. Срамот не може да ја преживее емпатијата. Имав прилично темни периоди во мојот живот, а сочувството и емпатијата од моето семејство, пријателите, професионалците, а понекогаш дури и странците, ме спасија. Дури и емпатија од едно лице може многу да значи. Теоријата на влијание на малцинството, која ја предложи социо-психологот Серж Мосовичи, тврди дека дури и изразена во мал број, ако постои истрајност со тек на времето, промената е можна. Во светот на интернетот, може да го негуваме влијанието на малцинството и да станеме правдољубиви. Да станеме правдољубиви значи да ја отфрлиме апатијата на гледач, можеме да поставиме позитивен коментар за некого и да пријавиме малтретирање. Верувајте ми, сочувствителните коментари помагаат за намалување на негативностите. Можеме исто така да се спротивставиме на културата, поддржувајќи организации кои се бават со овие прашања, како фондацијата на Тајлер Клементи во САД, во Британија имаме организација Анти-Булинг Про, а во Австралија имаме проект Рокит.

Зборуваме многу за нашето право на слобода на изразување, но мораме да зборуваме повеќе за одговорноста поради слободата на изразување. Сите сакаме да не слушнат, но ајде да ја препознаеме разликата меѓу истакнување со причина и истакнување заради внимание. Интернетот е супер автопат, но покажувањето на емпатија за другите на интернет користи на сите нас и ни помага да создадеме побезбеден и подобар свет. Мораме да комуницираме на интернет со сочувство, да ги прифатиме вестите со сочувство и да кликаме со сочувство. Само за момент замислете се за туѓиот наслов. Во изминатите девет месеци, прашањето кое често ми го поставуваат е: зошто, зошто сега? Зошто се појавувам сега? Можете да читате меѓу редови на ова прашање, а одговорот нема никаква врска со политиката. Главниот одговор беше и е, затоа што е време; време е да престанам да се мачам од минатото; време е да престанам да живеам во бесчестие и време е да го преземам својот наратив.

Исто така, не се работи само за мојот спас. Сите кои преживувате срам и јавно понижување, едно мора да знаете: можете да преживеете. Знам дека е тешко. Можеби не е безболно, брзо, ни лесно, но можете да барате поинаков крај на својата приказна. Имајте милост кон себе. Сите заслужуваме простување, сите заслужуваме да живееме и на интернет и надвор од него, во еден сочувствителен свет.

Бука - Сараево



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...