Тројца ранети при напад во универзитетски кампус во САД

Њујорк, 19 април 2015 (МИА) - Три лица е поврдени кога вооружен маж отворил оган врз група студенти во мензата на кампусот на Државниот универзитет на Делавер (ДСУ) во американскиот град Довер, соопшти денеска локалната полиција.

Американските медиуми јавуваат дека напаѓачот успеал да побегне и дека полцијата се уште трага по него.

Инцидентот се случил синоќа околу 20 часот по локално време (ноќеска во два часот по средноевропско време).

Портпаролот на ДСУ, Карлос Холмс соопшти дека застреланите студенти се пренесени во болница, каде е утврдено дека повредите не се опасни по живот и тие се наоѓаат во стабилна состојба.

Ректорот на Универзитетот, Хари Вилијамс апелираше до студентите да останат во своите соби и да не го напуштаат кампусот.

- Безбедност на нашите студенти е на прво место, а полицијата интензивно ќе продолжи со истрагата се до апсењето (на извршителот), порача Вилијамс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...