Најмалку 300 упасени по серијата насилства во Јужна Африка

Јоханесбург, 19 април 2015 (МИА) - Јужноафриканската полиција уапси над 300 лица поради учество во серијата насилства врз странци од други делови на африканскиот континент, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Јужна Африка, Малуси Гигаба.

Како што јави Би-Би-Си, во ксенофобичните напади врз странците во Јужна Африка во последниве две недели беа убиени најмалку шест лица. 

Гигаба предупреди дека одговорните за насилставта ќе се најдат на полн удар на законот.  

- Ќе направиме се за повторно воспоставување на редот и мирот, нагласи Гигаба, додавајќи дека Владата е решена да реагира брзо и решително.

За време на немирите насилниците напаѓаа и уништуваа продавници на странците. Полицијата мораше да употреби гумени куршуми, за да ги растера насеилниците, меѓу кои некои беа вооружени и со мачети.

Странските имигранти, во најголем број од Африка, како и од Азија, почнаа да доаѓаат во потрага по работа и подобар живот во Јужна Африка по укинувањето на режимот на апартхејдот во 1994 година.

Во Јужна Африка невработеноста оваа година достигна 24 отсто, а многумина Јужноафриканци сметаат дека странците им ја одземаат работата и бараат тие да се вратат во своите земји.

Исплашните странци бегајќи пред демонстрантите и стравувајќи да не бидат убиени, засолниште бараат во полициските станици кои се претвораат во своевидни бегалски кампови.

Официјално во земјата има два милиони странци, што е четири отсто од вкупното население, но се тврди дека таа бројка е повеќе од двојно поголема. Во 2013 година, јужноафриканските имиграциски власти, најмногу дозволи за привремен престој им издале на државјани од соседно Зимбабве (17 отсто), а потоа на имигранти од Нигерија, Индија, Кина и Пакистан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...