Садамов офицер „мозок“ на Исламска држава

Берлин, 20 април 2015 (МИА) - Поранешен разузнавач близок до поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин заслужен е за преземање на северна Сирија од страна на Исламска држава, објави Шпигел врз основа на документи во кој имал увид.

Весникот имал увид во документ од 31 страници кои се распоред и план за воспоставување калифат во Сирија. Тие документи се дело на човек идентификуван како Самир Абд Мухамед ал-Клифави. Тој е поранешен полковник во разузнавачката служба на ВВС на Садам Хусеин. Ал-Клифави дејствувал под псевдонимот Хаџи Бакр.

Со документите се покажува дека преземањето на северот на Сирија е дел од прецизен план на Хаџи Бакр, кој се остварува со помош на разни техники усовршени во безбедносниот систем на Садам, вклучително - надзор, шпионажа, убиства и киднапирања.

Бакр бил убиен во борбите со сириските бунтовници во јануари 2014 година, но пред загинувањето помогнал да се обезбедат делови од Сирија што за возврат зајакнало позиција на Исламска држава во соседен Ирак.

- Она што Бакр го оставил на хартија, страница по страница, со внимателно издвоени делови за поединечни должности, е план за окупација. Тоа не е манифест на вера туку технички прецизен план за Исламска разузнавачка служба, калифат кој води организација слична на источногерманската Штази, наведува Шпигел.

Весникот заклучува дека тајната на „успехот“ на Исламска држава е во комбинацијата на фанатизам на една група и стратешки калкулации на друга, предводена од Бакр. Германскиот весник наведува дека до документите дошле по долги преговори со бунтовниците во Алепо кои ги имале кај себе по протерување исламисти од нивни штаб во почетокот на 2014 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...