Кина му помага на Пакистан

Исламабад, 20 април 2015 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во Пакистан во официјална посета на оваа соседна земја, за време на која се очекува да биде објавена спогодбата меѓу двете земји за големата кинеска инвестиција од 46 милијарди долари.

Станува збор за изградбата на еден мегапроектот наречен „Кинеско-пакистански економски коридор“, што е предвидено да го сочинуваат мрежа од брзи и модерни автопатишта, железнички линии и цевководи, што ќе ги поврзуваат двете земји.

Коридорот ќе биде долг околу 3.000 километри и ќе ги врзува Гвадар на пакистанската територија со кинескиот западен регион Ксинјанг.

Со овој проект Кина добива брз пристап до Индискиот Океан и сите дестинации што се отвораат од таму, додека Пакистан добива можност за забрзана модернизација на својата патна мрежа, потикнување на неговата економија која подолго време е во стагнација и снабдување со енергија што е хриничен пробкем на оваа средноазиска земја.

За двете земји, овој мегапроект со кој се опфатени и изградба на хидроелектрани, има првокласно стратешко значење, бидејќи Кина преку него го продолжува ширењето на своето и онака големо економско влијание во Централна и Јужна Азија.

Големата кинеска инвестиција далеку ги надминува вложувањата на САД во Пакистан, кој за Американците е еден од важните пертнери во тој дел од светот.

Предвидено е уште во текот на оваа посета да биде потпишан договорот за инвестирање на првите 28 милијарди долари од проектираниот коридор.

Во текот на својата посета, Си ќе се сретне со својот домаќин, пакистанскиот претседател Мамун Хусеин, како и со премиерот Наваз Шариф.

Кинескиот претседател утре се очекува да се обрати и во пакистанскиот Парламент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...