Австралија и Иран ќе разменуваат разузнавачки информации

во борбата против ИД

Сиднеј, 20 април 2015 (МИА) - Специјалните служби на Австралија и Иран ќе разменат разузнавачки информации во борбата против џихадистичката групација „Исламска држава“ на Блискиост Исток и специјално во Ирак, јавија австралиските медиуми. 

Весникот „Сиднеј морнинг хералд“ пишува дека спогодбата за ова прашање била постигната за време на посетата на австралискиот министер за надворешни работи Џули Бишоп на Техеран викендот. 

- Иран е одлучен да ги искористи сите свои ресурси и енергија за да ја уништи ИД, која ја смета за главна опасност за денешната глобална безбедност, вели Бишоп во интервју за австралискиот весник во врска со резултатите од преговорите со претседателот на Иран, Хасан Рохани. 

- Иранците масовно се упатуваат во Ирак, спроведуваат операции во Тикрит и во други региони на соседната држава, додаде таа.

Бишоп е првиот австралиски министер за надворешни работи во посета на Иран изминатите 12 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...