Протестот на педесетина муслимани против поставен крст во Малезија предизвика голема политичка бура

Куала Лумпур, 23 април 2015 ( МИА )- Протестот на група од педесетина муслимани против поставениот крст на една зграда во предградие на Куала Лумпур предизвика голема политичка бура во Малезија. Протестот се одржал во недела, по што крстот бил симнат, но реагираа лидерите на опозицијата, а во вторникот премиерот Наџиб Разак најави дека против учесниците на протестот ќе се преземат мерки во согласност со неодамна донесениот закон за спречување на немири во државата.

Причина за политичката бура беше изјавата на водачот на бунтот, бизнисменот Абдула Абу Бакар, кој во понеделникот рекол дека ќе се јави во полицијата која го повикувала на распит, но додал дека има поважни работи, па ќе отишол, ако има време. Абу Бакар е шеф на локален огранок на партијата УМНО, но прилично дрската изјава на новинарите им ја дал и поради тоа што е роден брат на генералниот инспектор на Малезиската полиција.

Абу Бакар се појавил во полициската станица вчера, а пред станицата полицијата ги растеувала новинарите и претставниците на опозицијата.

Денеска реагираше генералниот секретар на главната опозициона Демократска Партија за Акција, ДАП, Лим Гуанг Енг, кој ја обвини полицијата за двојни стандарди и непочитување на правото. Тој нагласи дека по одбивањето на Абу Бакар сам да дојде во полицијата во понеделник, според законопт тој требало да биде спроведен со полициска придружба, но тоа не било направено.

Локалните власти првично ја оправдале акцијата на муслиманите што протестирале, со образложение дека немало дозвола за поставување на крстот. Меѓутоа, во Малезија припадниците на верските заедници немаат обврска да бараат посебна дозвола за означување на припадноста на верските објекти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...