Клинтон и Рубио водат во партиските анкети за претседателските избори во САД

Вашингтон, 23 април 2015 (МИА) - Демократката Хилари Клинтон и републиканецот Марко Рубио имаат најголеми шанси да бидат номинирани од своите партии за претседателските избори следната година, покажуваат денеска објавените резултати од анкетите.

Клинтон, поранешната американска државна секретарка, прва дама и сенатор на Њујорк, која настојува да стане првата жена претседател на САД, е далеку пред своите ривали во Демократската партија кога станува збор за номинацијата за претседателските избори во 2016 година, покажува истражувањето што го спроведе универзитетот Квинипијак.

Таа ја има поддршката од 60 отсто од демократите, додека нејзиниот најголем можен ривал, актуелниот потпретседател Џозеф Бајден, заостанува со 10 отсто, пренесуваат француските медиуми.

Борбата за номинација меѓу републиканците, е далеку понеизвесна.
Сенаторот од Флорида Рубио, син на кубански имигранти, има поддршка од 15 отсто анкетирани, а зад него е Џеб Буш, со 13 отсто.

Рубио ја почна кампањата на почетокот на овој месец во која повика на нова ера во американското лидерство, кое нема да биде „заглавено во 20 век“.

Со истражувањето беа опфатени 1.353 регистрирани избирачи ширум САД, а беше спроведено од 16 до 21 април.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...