Новиот устав насочен кон намалување на „парламентарната диктатура’’

Бангкок, 24 април 2015 ( МИА ) –Портпаролот на Комитетот за подготовка на новиот Устав на Тајланд, генералот Лертрах Ратанваних денеска изјави дека, освен определбите со кои ќе се намалува „диктатурата на парламентот’’ новиот Устав не се разликува многу од претходните 20, донесени од 1.932 година наваму. Текстот на предлог Уставот во недела треба да биде доставен на евентуална ревизја од страна на привремената влада, цивилно име за кабинетото составен од хунтата по воениот удар во мај минатата година.

Објаснувајќи ја целта на намалувањето на неодамна воведениот термин „ парламентарна диктатура’’, портпаролот на законодавната комисија рече дека во идниот Парламент на Тајланд од вкупно 200 членови 123 ќе бидат именувани,а 77 ќе добијат места на избори. Тоа, според ставот на хунтата, ќе го ослободи Тајланд од доминантно влијание на партиите кои, според сегашните властодршци, ја довеле државата на граница на граѓанска војна.

За разлика од досегашната пракса, ако Тајланд го добие уставот со ваква содржина, идниот премиер не ќе мора да биде пратеник. Тој, како и министри и директори на државни агенции, че треба да добие двотретинска подршка на номинацијата од страна на парламентарците.

На новите уставни определби се спротивставуваат лидерите на Пеу Таи партијата која ја раководи со воениот удар сменетата премиерка Јинглук Шинаватра. По вчерашниот состанок со авторите на предлогот на новиот Устав, претставник на оваа партија изјави дека е очигледно дека со новиот Устав воената хунта и ројалистите сакаат дефинитивно да ги тргнат од политичката сцена партиите што се борат за вистинска демократија во државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...