Путин и Кирхнер се договорија

за „стратешко партнерство“ меѓу Русија и Аргентина

Москва,24 април - Рускиот претседател Владимир Путин и аргентинскиот Кристина Фернандез де Кирхнер,се договорија во Москва за создавање „стратешко партнерство“ меѓу двете земји,откако двајцата лидери по својата средба во Кремљ,потпишаа повеќе рамковни спогодби за соработка во економијата,како и за енергетска соработка.

Путин и Кирхнер потпишаа и меморандум за соработка во одбраната,но за тој дел од разговорите на двајцата претседатели не беа дадени други детали,освен што рускиот претседател изјави по разговорите дека Русија ќе ја прошири својата воена соработка со Аргентина.

Според одредбите на потпишаните документи,Русија ќе ја финансира изградбата на новата хидроцентрала на аргентинската река Неуквеи,а руската компанија, под државна контрола „Русатом„ ќе го гради новиот,трет нуклеарен реактор за атомската централа „Атуча„ во Аргентина.

Претседателот Путин објасни дека во изградбата на новиот аргентински нуклеарен реактор ќе биде внесена најновата руска технологија.

Во изјавата што Путин ја даде по разговорите со својата гостинка,рече дека Москва ја подржува владата во Буенос Ајрес во нејзиното барање за директни разговори со Велика Британија,околу Фокландските острови,што официјален Лондон го отфрла,инсистирајќи на правото на самоопределување на луѓето кои живеат на Островите.

Ова е прв пат,рускиот претседател јавно да и даде поддршка на аргентинската страна,во нејзините настојувања да добие суверенитет врз Фокландите,што во Аргентина се нарекуваат Малвински Острови,за кои Кирхнер и нејзината влада тврдат дека се дел од аргентинската територија.

Велика Британија која ја има контролата врз островите уште од 1833 година,беше во војна со Аргентина во 1982 година,па ваквиот чекор на претседателот Путин се смета дека претставува одговор на британската влада за нејзините остри критики кон Русија,поради анексијата на Крим и „нелегалниот„ референдум за приклучување на полуостровот кон руската територија.

Странските посматрачи во Москва веруваат дека „стратешкото партнерство„ меѓу Русија и Аргентина е изнудени,поради проблемите со кои се соочуваат двете земји. Русија е притисната од санкциите од САД и ЕУ поради украинската криза,а Аргентина која одново се соочува со економска криза,главно поради популистичката политика на претседателката Кирхнер,има проблеми со американските хеџ фондови кои бараат да им се исплатат парите за откупениот аргентински долг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...